ДОЈДЕ ВРЕМЕ И ОВОЈ ФАШИСТИЧКИ ПРДЕЖ ДА ГО ЈАДЕ СТАПОТ – Предлогот за разрешување на ГРУЈОВИОТ КОПИТАР И ПОТТРЧКО Зврлевски е доставен до Собранието

0
1519

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски го потпишал Предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски и истиот е сега во Собранието на Република Македонија.

На ред е Собранието кое треба да закаже седница на која пратениците ќе го разгледаат и ќе гласа за разрешувањето на Зврлевски.

За одлуката на Владата да биде одобрена потребно е мнозинство од 61 пратеник.

Според Законот за јавно обвинителство, Зврлевски има право да присуствува на седницата на Собранието и да се произнесе по предлогот на Владата за негово разрешување.

Владата на седница во петокот минатата недела, ја донесе одлуката за разрешување на Зврлевски поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.

Констатирано е дека Зврлевски не е способен за извршување на функцијата, не поднесувал барања за поведување кривична постапка за случаи предвидени со закон и со тоа го нарушил угледот на функцијата.

И Советот на јавни обвинители се произнесе позитивно по мислењето на Владата и го прифати предлогот за разрешување на Марко Зврлевски.

Извор : НоваТВ