ДОЧЕКАВМЕ НАРОДЕ – Македонија следната недела го потпишува Протоколот за влез во НАТО: Церемонијата ќе се одржи во седиштето на Алијансата, а пристапниот Протокол ќе го потпишат амбасадорите на 29 земји членки на НАТО

0
1332

Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг побарал од амбасадорите на земјите членки со таканаречената „ тивка процедура“ да го усвојат анексот на протоколот за „пристапување на Северна Македонија“ .

Македонија ќе го потпише пристапниот Протокол за влез во НАТО наредната недела, дознава Радио Слободна Европа од извори во Брисел.

Како што дознаваме од наши извори, генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг побарал од амбасадорите на земјите членки со таканаречената „ тивка процедура“ да го усвојат анексот на протоколот за „пристапување на Северна Македонија“ . Се работи за процедура која истекува денеска во 17 и 30 и подразбира доколку до тој рок ниту една земја членка не поднесе приговор, тогаш ќе се смета дека текстот е усвоен

Церемонијата ќе се одржи во седиштето на Алијансата, а пристапниот Протокол ќе го потпишат амбасадорите на 29 земји членки на НАТО. Не се знае кој ќе ја преставува Македонија на церемонијата на потпишувањето.

По процедура, потпишаниот Протокол преминува на ратификација во престолнините на НАТО земјите. Според досегашната пракса, националните процедури за ратификација траат од 12 до 14 месеци. А рокот до кога НАТО очекува да се прошири и да брои 30 земји членки е пролетта 2020.

Овој процес уследи откако стапи на сила Спогодбата од Преспа со кој се става крај на повеќедеценискиот спор за името меѓу Македонија и Грција.

Грција во 2008 ја блокираше поканата за членство на Македонија во НАТО, поради нерешениот спор за името. По десетгодишен застој, во јули минатата година НАТО ја покани Македонија да се приклучи на Алијансата, но откако ќе го спроведе преспанскиот Договор. Земјата ќе влезе во Алијансата како република Северна Македонија.