ДОМ се вклучува во граѓанскиот марш на 11 Октомври

0
910

ДОМ соопшти дека го поддржува граѓанскиот марш што ќе се одржи на 11 Октомври-денот кога одбележуваме 75 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна во Македонија и им оддаваме почит на илјадниците борци кои ги дадоа своите животи за слобода, правда и независност.

„Граѓаните на Република Македонија порачуваат дека цврсто веруваат во овие универзални вредности. Тие бараат владеење на правото и подеднаков пристап до правдата, социјална правда и еднакви можности за сите, почитување на моралните принципи, слобода на говор и достоинствен живот.

Граѓаните со право протестираат против привилегиите на една мала група луѓе која злоупотребувајќи ја власта на авторитарен начин ги узурпира сите сфери на општествениот живот. Последиците од овој начин на практикување на власта се на штета на сите граѓани на Република Македонија, без разлика на нивната етничка, верска, политичка или друга припадност, но и на штета на државата.

Барањата на граѓаните кореспондираат со основните програмски определби на ДОМ и затоа ДОМ го поддржува и се приклучува награѓанскиот марш на 11 Октомври“ се вели во соопштението во кое ДОМ ги повика и членовите и симпатизерите да се придружат кон маршот.