ДОМ: Повик за демократски промени со листата бр.4

0
924

„ДОМ ги повикува своите членови, симпатизери и сите граѓани со демократска ориентација да излезат на 11 декември и да гласаат за листите со број 4. Тоа се листи на леви и центристички партии, како и на граѓански активисти кои заедно се борат во изминативе две години во рамките на Платформата за демократска Македонија.

Заложбите на оваа коалиција предводена од СДСМ се независни професионални институции, пристап до правдата, почитување на човековите права и слободи, како и обезбедување економски просперитетна и стабилна држава. Ова е повик за сите што ги споделуваат овие идеали.

За ДОМ како партија е особено важно и ветувањето за промена на изборниот модел со една изборна единица и отворени листи, како и исполнување на нашите 5 зелени приоритети од Зелената програма 2016-2020. Тоа се: зелена економија со зелени работни места; ефикасна заштита на животната средина; пакет закони во урбанизмот за квалитетно живеење (за зеленило, за градски архитект и др.); рамномерен регионален развој; родова рамноправност, еднакви можности и недискриминација“, соопштуваат од ДОМ.