ДОМ: За успешно имплементирање на договорот потребно вклучување и на други партии

0
1037

ДОМ го поздрави договорот за разрешување на политичката криза во Македонија, но смета дека за негова успешна имплементација е потребна транспарентност и вклучување на повеќе партии, невладини организации и пошироката демократска јавност.

dom 21 jul

Партијата смета дека доколку се остави за суштинските прашања во земјата да одлучуваат само два пати по две партии, ќе се даде легитимитет на бипартиски и бинационален принцип, кој е и дел од причините за кризата, што, како што посочуваат, ќе предизвика уште поголема поделеност на македонското општество.

Затоа ДОМ упатува осум барања, меѓу кои и вклучување партии заради промена на изборниот модел во една изборна единица со отворени листи, потоа, како што посочи на прес-конференцијата претседателката на партијата Лилјана Поповска, итно сопирање на неовластеното прислушкување и секој вид политички притисок, итна ревизија на сите судски процеси за кои има индиции дека биле монтирани преку судии и обвинители кои работеле по политички диктат или од криминални мотиви, да се испита содржината на т.н. бомби, да се донесе закон за зеленило, како и да се овозможи пристап до медиумите за сите политички и неполитички субјекти, кои покренуваат теми што ги засегаат граѓаните