“Домобраните“ од Жена-парк не зеле ручек од Костовски оти им забраниле од ВМРО ДПМНЕ ?!

0
1136

Трифун Костовски им понудил донација во храна и пијалаци на демонстрантите кои „протестираат“ во кампот пред Собранието, во знак на поддршка на владата и на премиерот Никола Груевски, но бил одбиен со образложение дека прво мора да прашаат во партијата дали смеат да примат таква донација, открива тој во интервју за порталот Кирилица.

trifunn

Костовски претходно донираше продукти, храна и пијалаци, за Кампот на слободата пред владата, каде приврзаници на опозицискиот блок и граѓански активисти бараат оставка од Груевски, а притоа одржа и „диџеј“ сесија, во која пушташе оодбрана музика на разгласот. На прашањето на новинарот на Кирилица, какви биле реакциите на овој негов гест, и дали тоа е протолкувано како негов обид да се промовира во иден премиер на преодната влада, Костовски одговара:

– Пред сѐ сакам да кажам за мојата донација што беше во кампот пред Владата, истото тоа, да донирам ручек, го понудив и во кампот пред Собранието. Од кампот пред Владата веднаш го прифатија тоа, од тие што се под шаторите пред парламентот не добив одговор, бидејќи мораа да го прашаат нивниот централен комитет, што мене ми даде една слика дека тука веќе говориме за две нешта – пред Владата се собрани граѓани што протестираат против неправилностите во работењето на актуелната власт, а во кампот поставен пред парламентот исклучиво важи партиската хиерархија. Јас не го делам мојот Македонец или Албанец или Србин или Бошњак според неговата верска или национална припадност, за мене сите се граѓани на Република Македонија. Ниту на памет не ми било да се промовирам во иден премиер, било да е тоа на преодна или нормална влада. Јас само сакав со моето искуство, а со оглед на тоа што сум патриот и си ја сакам сопствената земја, да придонесам што поскоро да се надминат сите недоразбирања во кампусот, вели Трифун Костовски.