ДОЛГА Е РАКАТА НА ОЛИВЕР И МВР : Уапсени бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски, се криеле во апартман во Солун!

0
3749

Полицијата вечерва ги уапси eкс-шефот на Петтата управа на УБК,  Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски, дознава неофицијало Телевизија 24.

Според сознанијата на ТВ 24, двајцата се уапсени во Солун.

За оваа информацијата засега нема потврда од МВР.

Грујевски и Бошковски се обвинети од СЈО во случаите „Тврдина“ и „Таргет“. Од 18 јули, кога Апелацискиот суд им изрече мерка притвор обајцата се недостапни за полицијата. Тие се обвинети за уништување на опремата за прислушување.