ДОКТОРОТ СИ РАБОТИ : Асфалтирани се пет краци на улицата „Пчиња“,а се работи и други локации во Прилеп

0
1276

Граѓаните коишто живеат на улица „Пчиња“ во урбаната заедница „Гоце Делчев“, а особено возачите што минуваат во овој дел од Прилеп, немаат веќе  сообраќајни проблеми. Заврши асфалтирањето на пет краци на оваа сообраќајница во должина од 320 метри, а со вкупна површина од 900 метри.

Освен на оваа улица, во тек се градежни акивности на повеќе локации во градот. Се санираат и асфалтираат ударните дупки, се подобруваат условите за непречено одвивање на сообраќајот на сите учесници.

Општина Прилеп ги користи поволните временски услови, така што се работи на реализација на планираните активности од комуналната програма. Со почетокот на новата градежна сезона, ќе се интензивираат активностите за изградба и реконструкција на патната инфраструктура, која што е дел од годишната програмата за улица и патишта на Општина Прилеп.

Градоначалникот Илија Јованоски, во повеќе наврати акцентира дека до крајот на оваа 2019 година, Прилеп ќе биде град без кал. Сите улици во градот, ќе бидат асфалтирани, така што граѓаните веќе нема по секој дожд да се движат со чизми и да газат во кал. Секаде каде што се решени имотно-правните односи за земјиштето, врз овие улици, ќе биде поставен асфалтен слој.

„Прилеп до крајот на годинава ќе биде целосно урбанизирана средина. Секаде каде што со години не било интервенирано, или се немало слух за барањата на граѓаните, да им се асфалтираат улиците,а при тоа не постои законска пречка од аспект на имотно-правни односи, улиците ќе бидат асфалтирани. Тоа им го ветив на граѓаните и ова ветување е императивно и за мене и за Општината,така што градот конечно ќе заличи со целосно асфалтирани улици“, истакнува градоначалникот Јованоски.