ДОКОЛКУ МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ГО ЕЛИМИНИРА ПСЖ ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ, УПРАВАТА ЌЕ ГО ЗАДРЖИ СОЛСКЈАЕР ДА ОСТАНЕ МЕНАЏЕР НА ОЛД ТРАФОРД!

0
1027

Оле Гунар Солскјер ќе остане на чело на Манчестер Јунајтед ако го елиминира ПСЖ од Лигата на шампионите, вели весникот „Сан“.

Судирот во осминафиналето на турнирот е очекуван со огромен интерес, а Норвежанецот дефинитивно го зголеми оптимизмот меѓу навивачите по одличниот почеток на „Олд Трафорд“.

Под негово раководство „Црвените ѓаволи“ ги освоија првите 8 натпревари, но раководството остана силно импресионирани дури и од ремито 2:2 со Барнли пред неколку дена, кога тимот губеше со 0:2 во последните минути, но стигна до бод.

Шефот Ед Вудворд имал разговор со Солскјер неодамна на тренинг базата и му честитал за постигнатото до моментов, а се смета дека иднината на тренерот зависи од големиот тест против ПСЖ.

– Оле сè уште не добил понуда, а последниот збор ќе го има семејството Глејзер. Чувството, сепак, е дека Солскјер ќе ја добие работата при успех против ПСЖ, изјави извор од клубот.

Влијанието на Норвежанецот е толку позитивно дека ѕвездите веќе сакаат да останат во Јунајтед и Антони Марсијал го обнови договорот, а се очекува наскоро тоа да го направат Де Хеа, Погба и Ерера, кој исто така зборува одлично за неговата работа.