Доживотна казна затвор за 19 Русинки кои членувале во Исламска држава

0
1185
Kривичниот суд во Багдад на доживотен затвор осуди 19 руски државјанки кои биле припаднички на Исламска држава (ИД). Осомичените жени кои во судницата биле со деца, судот ги прогласил за виновни поради членство во Исламска држава и помагање на оваа терористичка организација.

Покрај 19 Русинки, за истите дела на доживотен затвор биле осудени и 6 државјанки на Азербејџан и четири на Таџикистан. Во последниве неколку недели, во Ирак беа осудени повеќе странски државјани поради поврзаност со ИД. Обвинетите комуницирале со судот преку преведувачи.

„Не знаев дека сме во Ирак. Со сопругот и децата се упативме кон Турција, каде што планиравме да живееме, а потоа одеднаш сфатив дека всушност сум во Ирак“, рекла една од обвинетите. Тој аргумент бил преземен и од останатите жени.

Судијата во процесот рече дека една од Русинките, Марија, била христијанка која заедно со својот сопруг го прифатила исламот. Другите отсекогаш биле муслиманки.

„Сега за пресудата ќе ги информираме нивните родители“, изјавил за АФП рускиот дипломат во судницата. Инаку, обвинетите можат да поднесат жалба по однос на оваа пресуда.