Договорено функционирање на некаква техничка влада, но и повлекување од политиката на дел од политичарите осомничени за криминали во замена за нивна амнестија

0
1124

Се позасилени се информациите во јавноста дека зад кулисите во преговорите е договорено функционирање на некаква техничка влада, но и повлекување од политиката на дел од политичарите осомничени за криминали во замена за нивна амнестија. Холандија,  која е претседавач на советот на Европската Унија вчера соопшти дека учество на лица кои се под истрага на Специјалното јавно обвинителство во привремената влада или било која друга политичка функција не придонесува кон враќање на довербата на граѓаните. Високиот американски представник Хојт Ји пак рече дека – ќе ни треба влада со раководство кое е беспрекорно, кое е над секаков сомнеж во врска со неговиот интегритет, ќе ни требаат лидери со докажан учинок дека се способни нивните обврски како лидери да ги извршуваат одговорно и во склад со демократските принципи. Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов пак денеска на прес конференција не ги негираше информациите за евентуална нова техничка влада, само кажа дека не верува дека било каков договор со сегашната власт ќе биде испочитуван.

Извор : 24Вести