ДОБРО, ИМА ЛИ КРАЈ НА ОВОЈ КОШМАР : ПОЧИНА ТРЕТО ДЕТЕ ОД КОМПЛИКАЦИИ ОД МАЛИ СИПАНИЦИ!!!

0
1102

„Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување“, велат од Министерство за здравство (Фото: СДК.МК)

Вчера во вечерните часови на Клиниката за детски болести почина уште едно 13-месечно дете од компликации од морбили (мали сипаници), соопшти Министерството за здравство. Претходно, од компликации од мали сипаници починаа две деца, шестмесечно и 13-месечно.

„Детето е од тетовскиот регион, не било вакцинирано, а починало од компликации од мали сипаници. Министерството за здравство изразува жалење за смртта на детето, како резултат на компликации од морбили, болест која може да се спречи со вакцинација. Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Вакцината во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен квалитет“, велат од Министерство за здравство.