ДОБРО БЕ МАЈА ШТО НЕ ГО ПРИБЕРЕШ ОВОЈ ЦРЕП?! ХОРХЕ БАРАЛ ИНФОРМАЦИИ ОД СРПСКИТЕ И БУГАРСКИ СЛУЖБИ ЗА „ОПАСНИ“ НЕВЛАДИНИ И АКТИВИСТИ, САКАЛ ДА НАПРАВАТ ЦРНА ЛИСТА

0
1066

Иванов во интервјуто за Дневник отиде подалеку и рече дека претседатели од пријателски држави му кажале дека странски служби ја предизвикале кризата за да ја срушат владата на Груевски, но се воздржа да ги каже кои се тие претседатели пријатели што му кажале такви информации.

Либертас од дипломатски извори дознава дека Иванов преку нашите служби се обратил на соседните служби од Србија и Бугарија и барал размена на информации за бегалците од Сирија но целта била малку поинаква. Дипломат кој инсистира на анонимност тврди дека македонскиот претседател иицирал заедно со српската Безбедносно информативна агенција (БИА), да направат регистер, своевидна црна листа на невладини и активисти кои според него влијаеле на безбедноста на државата.

Шефот на македонската држава побарал имиња и преземиња на активисти од Македонија кои последнава година патувале во Македонија но и имиња на српски активисти и нивни невладини кои доаѓале кај нас. Нашиот дипломатски извор тврди дека Иванов наводно предложил да се направи своевиден регистер на кој ќе бидат имињата на активистите и невладините кои според него биле штетни за земјата и истите да бидат под присмотра на безбедносните служби на двете држави.

Во интервјуто за Дневник, Иванов рече дека претседатели на држави пријатели му кажале кои се земјите кои ја дестабилизирале Македонија, но дипломатскиот извор на Либертас го тврди сосема спротивното. Тој во контактите со некои претседатели и амбасадори обвинувал дека политичката криза во Македнија не била од коруптивната влада туку цел на една светска велесила и уште една влијателна западноевропска држава, за да ја срушеле владата на Груевски. Слично нешто изјави и вчера неговиот ментор, екс премиерот Груевски, на роденденот на младите вмровци.

Иванов отишол и подалеку од праксата во размената на разузнавачки информации и барал да му се дадат информации за лица од Србија и Бугарија и нивните дејства во Македонија, а особено барал детали за група од 10 до 15 лица активисти и членови на граѓански организации од Македонија, за кои сакал да добива редовни активности кои ги вршеле во Србија и Бугарија, на што бугарските власти се спротиставиле.

Извор : Либертас