ДОБРО БЕ КАКО НЕ И Е СРАМ ВАКА ДА СЕ ГЛУПИРА – Силјановска: Ќе се обидам по мирен пат да го ревидирам Договорот со Грција

0
1301

Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата, Гордана Силјановска Давкова во вечерашното интервју на телевизија Алфа рече дека таа секогаш и секаде ќе укажувала на негативните работи од Преспанскиот договор и потоа ќе се обидела и да го ревидира.

-Ми пречи што ќе бидам претседател на Северна Македонија, но јас не сум креатор на тоа. Решението не е добро, навлегува во правото на самоопределување и во идентитиски прашања. Тоа го велат и моите грчки колеги. Јас секаде и секогаш ќе укажувам на овие закани и по мирен пат повикувајќи се на право и правда ќе се обидам прво да укажам, а потоа и да го ревидирам, рече Силјановска.