ДОАЃА ЦИКЛОНСКА АКТИВНОСТ И ПОИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ

0
1577

Во понеделник почнувајќи од пладневните и попладневните часови територијата на Македонија ќе започне да подпаѓа под влијание на циклонска активност и влажен воздушен бран од Медитеранот.

Оваа циклонска активност најпрвин во западните а во вечерните часови и во текот на ноќта кон денот (втоник) како и во вторник ќе донесе врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Локално се очекува да наврнат над 30 л/м2 воден талог.

Локално не се исклучува можноста за развој на конвективна облачност која би можела да биде проследена со грмежи.

prec01_098-845x684

НАПОМЕНА: Поради ова ќе има ИНТЕНЗИВНО топење на снежната покривка насекаде во Македонија со што можно е зголемување на речните водотеци и на езерата во Македонија.

Во текот на ноќта кон денот (вторник) поради спуштање на нешто постудена воздушна маса од север ќе има пад на температурите со што на планините но и на некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег.

Во понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Температурата на воздухот во понеделник ќе биде невообичаено висока за овој дел од годината и ќе се движи во интервал од 7 до 14 степени.

Нова по потреба и обновена анализа на времето во следните неколку дена.

ДЕТАЛНАТА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЈА ПОДГОТВИ СЛАВЧО ПОПОСКИ!