ДНОООО: Ова се вика режимски тастери – Пратениците од Источна Македонија, ретко на собраниската говорница

0
1057

Избраните пратеници од Источна Македонија, односно од изборната единица број три, во Собранието настапувале блоковски, односно, онака како што ќе каже партијата, а не според сопственото видување, пренесува „Мета“.

Ова го покажала анализата на Институтот за демократија, која денеска беше презентирана во Штип.

Во аналзираните 2.000 говори на пленарни седници и на собраниски комисии, доминарале десетминутни говори на пратениците од владејачкото мнозинство, во отсуство на опозициските пратеници. Притоа, само еден пратеник се спротиставил во текот на дискусијата и признал дека неговиот колега од друга политичка опција е во право.

– Пратениците од источниот регион учествувале со 15 проценти од сите дискусии и се на четврто место по активност. Најактивни биле пратениците од изборната единица број четири – изјави Јане Димовски од Институтот за демократија.

Анализата од проектот „Собранието под лупа“, за периодот од јуни 2014 година до мај годинава, покажала дека жените пратенички се лидери во контрареплики и во реплики, додека мажите пратеници се држеле до говорите.