Во врска со информацијата дека наводно, пред два дена на Клинички центар е однесено 25/6 годишно девојче кое по кратка евалуација е пуштено дома и истото попладне починува од пукнато слепо црево и труење на крвта, информираме: До овој момент, ниту во Министерството за здравство, ниту во Државниот санитарен и здравствен инспекторат не е пријавен ниту регистриран ваков случај или пациент. Ако постои ваков случај, а не е пријавен од страна на семејството, ги замолуваме и ги повикуваме на состанок во Министерството, со цел средба со претставници од МЗ и ДСЗИ.
Фејсбук статус на Коста Давид Петров, вработен како ПР на министерот Арбен Таравари