ДНЕТ: Договорот од Пржино мора да се почитува

0
912

Движењето за Национално Единство на Турците како критична маса и совест на Турците во земјата е сериозно загрижена од несериозниот однос на поедини политички партии кои преговараат согласно договорот од Пржино за излез од политичката криза во Р. Македонија. Неприфатливо е договор кој е постигнат меѓу четирите политички партии со посредство на меѓународниот фактор да биде непочитуван.

– Почитувањето на договорот од Пржино може да ја врати довербата во Македонија и нејзината преспектива за Евро-атланска интеграција. Никој нема право во Р. Македонија да ги засени очекувањата на ѓраганите за враќање на довербата во институциите на системот и надежта  дека конечно Македонија ќе биде правна држава во кое ќе владее правото и ќе зајакнат демократските капацитети на институциите на системот. Од тука апелираме до партиите кои преговараат, принципиелно и сериозно ги почитуваат начелата од договорот, а со тоа неопходно е да се создадат сите услови за непречена работа на специјалниот јавен обвинител за случаевите кои се предмет на политичката криза во Македонија – се наведува во нивното соопштение.