Ди Марија: Среќен сум што доаѓам во ПСЖ

0
969

Анхел Ди Марија е нов фудбалер на ПСЖ, иако тој трансфер сеуште не е официјално потврден. Сепак, 27 годишниот фудбалер откри дека преминувањето во редовите на францускиот клуб е завршена работа и додаде дека со нетрпение чека да им се придружи на своите нови соиграчи.

ee22218b80234c30e1599862670f7768l

“Среќен сум што доаѓам во ПСЖ, бидејќи ова е голем клуб. Минатата сезона играа во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а моја цел е да помогнам на тимот да направиме чекор напред”- изјави Ди Марија.

Ди Марија во вторникот пристигна во Катар на лекарски прегледи, но поради заморот прегледите беа одложени.

Се претпоставува дека францускиот гигант за услугите на Аргентинецот на Јунајтед ќе му плати оштета од 63 милиони евра.