Директорот на Телма, Атанас Кировски за анкетата на Телма и МЦМС: Кај неопределените гласачи односот е 2:1 во корист на опозицијата!

0
2077

Се крена голема врева околу последната анкета што ја презентираше Телма. Многумина сметаат дека телефонска анкета во МКД е методолошки проблематична, и дека расположението е повеќе проопозициско од тоа што покажува анкетата.

Околу методологијата има про и контра и за теренските и за телефонските. Што се однесува до опозициското расположение, и јас го чувствувам и затоа кажав дека кај оние 18 % што одговориле одбивам да кажам за кого ќе гласам односот е 2: 1 во однос на опозицијата.

Тука има огромен резервоар на опозициски гласови, кои сосема може да ја сменат сликата. Но, не знаеме дали тие луѓе ќе излезат на гласање. Инаку, изминатиов период беа објавени десетици анкети, многу од нив и теренски. Не видов ниту една која покажуваше водство на СДСМ, а правеа и Рејтинг, и Брима Галуп, и М-Проспект, и ИПИС ( Павел Шатев, Димитрија Чупевски и слични, не ги есапам за анкети).

Факт е и дека во Македонија гласот на опозицијата во анкетите е потценет, а најилустративен пример за тоа е 2011. Разликата во анкетата покажа дека кој ќе победи, е веќе во маргината на статистичката грешка, и дека изборите се сосема неизвесни.

Фејсбук статус на Атанас Кировски, директор на телевизија Телма