ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ ОД НЕВИДЕН РАЗМЕР, ЕВЕ ШТО ПРАВАТ ЛУДАЦИТЕ НА ПУКИ И ДПМНЕ : Без најава, Алфите на Пуки симулирале одбрана од терористички напад врз американската амбасада – Сирените во амбасадата се вклучиле, вработените се веднаш се засолниле!

0
2806

На 15 септември, само неколку часа откако СЈО објавува дека ги поднесува првите две обвиненија, се огласила сирената во амбасадата на САД, а на разгласот повеќе пати се повторувало „Ова не е вежба“, јавува „БИРН“.

Причина за сирените е присуството на дваесетина Алфи во близина на амбасадата, што довело до активирање на американските безбедносни протоколи и инструкции за вработените да се тргнат од прозорците и да се засолнат.

Целата драма траела околу 20-тина минути, околу 16 часот, поради, како што се покажало, ненајавената вежба на полициската единица Алфи кои симулирале реакција во случај на терористички напад на амбасадата на САД, без за тоа да ја известат самата амбасада.

Вежбата на полициската единица за прв одговор и интервенции, во јавноста позната како Алфи била изведена по наредба на началникот Ивица Анчевски – Пуки. Тој побарал сите тимови во Скопје, со комплетна опрема да се упатат пред амбасадата за да се процени колку време им е потребно на единиците во случај на терористички напад.

Меѓутоа, амбасадата на САД за таква вежба не била однапред информирана, што е редовна процедура во случај на вежби.

Извори на БИРН велат дека за симулацијата освен амбасадата, не знаеле ниту директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, ниту министерот Оливер Спасовски. Операцијата била по наредба на Пуки, началникот на Алфите.

Повеќе детали ОВДЕ