Димитров и Фуере го направија Хан ЛОМ : Еврокомесарот Хан е без контакт со реалноста!

0
1045

„Ја разбира ли Хан македонската криза?“ Под овој наслов, во ЕУ Обсервер, контроверзните изјави на еврокомесарот Јоханес Хан за македонските избори, остро ги критикуваат поранешниот дипломат Никола Димитров и поранешниот евроамбасадор Ерван Фуере.

han 3

Во статијата се потсетува дека не е прв пат Хан да дава контроверзни изјави, На 15 февруари тој ги довел во прашање прекршувањата на слободата на печатот во Србија. Поради ваквите изјави, Хан одава впечаток на комесар без контакт со реалноста.

„Комесарот, повеќе од другите луѓе, треба да знае дека прашањата како медиумското опкружување, финансирањето на политичките партии и нивната способност да водат кампања без притисоци, како и употребата на државните фондови од владејачката партија, исто така се дел од проценката на демократските стандарди“, се вели во статијата и се додава дека изборите во Македонија се проблематични од 2006 година, кога Груевски доаѓа на власт.

Договорот од 2 јуни, постигнат со посредство на ЕУ, вели дека изборите треба да се одржат 10 месеци, откако претходно ќе се спроведат реформи, како прочистување на избирачкиот список. Но, во Македонија мора да се стори многу повеќе, мора да се деконтаминира целиот политички систем, за што е потребно повеќе време, пишуваат Димитров и Фуере.

Опцијата за преодна влада со неколку министерски места за опозицијата, но под контрола на Груевски и на неговата партија, е како преместување на столчињата на брод што тоне, се вели во статијата и се заговара идејата дека решавањето на кризата треба да оди подлабоко од борбата меѓу два политички блока. Преодната влада треба да вклучи луѓе надвор од тие два блока и никако не смее да вклучи владини службеници кои веќе се обременети со скандалот на прислушувањето.