ДИК постигна компромис: Спорни се 310 илјади гласачи, 21.110 лица административно ќе се проверат, 65.327 теренски!

0
747

ДИК едногласно го усвои извештајот од експертската вкрстена анализа на базата на податоци на МВР со податоците од 10 институции, објави Телма.

Според податоците, сомнителни или неконзистентни се околу 310.000 гласачи. Податоците се различни од извештајот што во четвртокот излезе во јавноста, а кои содржеа безмалку половина милион спорни гласачи.

Повеќе членови на Комисијата оценија дека тоа бил прелиминарен извештај, во кој споредбата била правена со базата на државјани, а не според базата на МВР, кои се разликуваат за 120.000 лица.

Комисијата расправа поединечно за секоја категорија, за да одлучи дали ќе има теренска или административна проверка.

Дополнително: ДИК досега одлучи: 21 110 лица административно да се проверат, 65 327 теренски.