ДЕЧКИ, АЈДЕ ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА МАЛИОТ ДАРИО КОЈ МОЛИ ЗА ПОМОШ ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА СЕ ПОТРЕБНИ ЗА ТРЕТМАН НА ‘РБЕТНИОТ МОЗОК

0
2711

14 годишниот Дарио Павлов од Кочани верува дека македонската јавност ќе се крене на нозе и ќе му помогне да ја преброди тешката болест.

Пред две години на ова момче му било дијагностицирано ецефалитис трансферзален миелитис познато и како воспаление на рбетниот мозок.

Болеста предизвикала целосна парализа на десната нога и неговата состојба се влошува од ден на ден. При што за да се отстрани воспалението од ‘рбетниот мозок кој може да предизвика дополнителни последици потребно е пресадување на матични клетки.

За да се излечи Павлов треба да добие третман во Грција кој што чини 30 илјади евра а третманот треба да почне овој септември.

Сумата е колку 4 месечни залихи кафе кои ги троши Владата на Република Македонија и срамота е и за министерот Филипче и директорот на ФЗОМ Дончев пациентите да им “питаат” од народот кој едноставно сака но нема да им помогне на сите пациенти.

Јасно повикуваме три пратеника од Собранието на Македонија да ги донираат своите 11.000 евра за референдумската информативна кампања на донаторска сметка на корисникот  на име Дари Павлов: 370 906 308 044 425 при Еуростандард Банка АД Скопје или со донации на телефоните 143 – 105 за корисниците на T-Mobile и 143 – 461 за корисниците на VIP.

Така можат да ги покажат вистинските човечки вредности на општествениот систем кој јавно сакаат сеуште да го декларираат како демократски што во основа е владеење на народот.

Малиот Дарио нема политичко убедување но има желба да живее безгрижно детство во државата која ја нарекува дом.