Детонирана е втората по ред пријава против прилепскиот градоначалник со хилтата Марјан Ристески

0
1412

Заради прекршување на постапката за подигање спомен обележја од страна на Општина Прилеп во периодот 2011-2012 година, адвокатот Жарко Стеваноски до Министерството за култура поднесе пријава против градоначалникот Марјан Ристески, ЕЛС Општина Прилеп и одговорните лица од општинската администрација, пишува РеволуционерМК.

marjanristeski

Во споменатиот период во Прилеп беа подигнати споменици на Кузман Јосифоски-Питу, Пере Тошев, Пеце Атанасоски, Ѓорче Петров, Блаже Конески и Круме Кепески, за што биле потрошени 181.830,00 евра. Во исто време беше изградено и спомен обележјето „Карпалак“, чија цена на чинење изнесувала 487.804,88 евра.

„Споменатите спомен обележја не се изградени согласно закон. Ниту еден од нив не подлежи на правна заштита во случај на штета предизвикана од трети лица. Постапката со која се носени Одлуките за подигање на спомениците е исто така спротивна на законот, бидејќи локалната власт нема обезбедено статус на културното наследство на Општина Прилеп и на Република Македонија. Исто така извршена е злоупотреба на постапката за јавни набавки во делот на конкурентноста на понудите, транспарентноста при изборот на идејно решение и презентацијата на идејните проекти пред јавноста. Истовремено, спомениците се подигнати без одобрение за градење согласно прописите за изградба на инвестициони објекти и прописите за просторно и урбанистичко планирање. Кажано накратко, заобиколен е цел еден закон кој важи од 2004 година па до денес, а тоа е Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата кој претставува Lex specialis, т.е. Специјален закон по однос на прашањата за постапката за подигање меморијални споменици и спомен обележја во Република Македонија“, појаснува адвокатот Жарко Стеваноски.

Во една своја скорешна анализа Стеваноски детално ги објасни начинот и постапката според кои прилепската локална власт ги подигнала спомен обележјата. Според него, во постапката за подигање на спомениците биле сублимирани основните обележја на прекршоците предвидени во казнените одредби на Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата, кои сами по себе повлекуваат кривична одговорност согласно Кривичниот законик на РМ.

Стеваноски ги појаснува причините поради кои пријавата за утврдување на законитоста во постапката за подигање на споменатите спомен обележја е поднесена до Министерството за култура:

„Со пријавата поднесена до Министерството за култура, тоа практично се става на тест за должноста која ја има според законот, а која се однесува на понатамошно иницирање на кривична постапка поврзана со злоупотреба на постапката за јавни набавки, ограничување на конкуренцијата и незаконско трошење средства од буџетот на Општина Прилеп. Ова го велам од аспект дека Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата предвидел надлежност на Министерството за култура-сектор за управен и инспекциски надзор-одделение за инспекциски надзор, како и на Управата за заштита на културното наследство-сектор за превенција и инспекциски надзор. Практично, надлежните органи од овие институции врз основа на вака поднесената пријава се должни да стават крај и да воспостават ред во самоволието на локалната власт кога е во прашање подигањето споменици и спомен обележја. Особено заради тоа што за таа намена во изминатите неколку години од општинската каса се потрошени близу 1.000.000,00 евра“, вели адвокатот Стеваноски.

Prijava

Очекувањата на Стеваноски се дека неговата пријава ќе придонесе за обезбедување правна заштита на веќе подигнатите споменици, утврдување на нивниот статус на културно наследство за идните генерации, како и воведување на принципот на транспарентност при трошењето на буџетските средства.

„Се надевам дека конечно ќе престане реализацијата на проектот „Прилеп 2104“ за сметка на неопходното инвестирање во отворање на перспективите на младите во градот. Очекувам дека разрешувањето на ова прашање ќе претставува пример за идните локални власти кога станува збор за нивното постапување при градењето на културно-историското наследство и на Прилеп, и на Република Македонија“, убеден е Стеваноски.

Ова не е прв пат адвокатот Стеваноски да поднесува пријава против градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески. Првата кривична против прилепскиот градоначалник која ја поднесе Стеваноски, се однесуваше на изградбата и рушењето на фонтаната во центарот на градот. Во локални рамки, прилепската јавност ја наметна дилемата зошто како активен член на опозицискиот СДСМ пријавите ги поднесува тој, а не некој од партиското раководство?

„Почетокот на кампањата „Вистината за Македонија“ ме мотивираше да го дадам својот личен придонес во разобличувањето на владејачкиот режим. Таа можност ја има и било кој друг партиски активист или било кој друг граѓанин на нашата држава. Целокупниот материјал кој се однесува на големиот број злоупотреби и кривични дела направени од страна на одговорни лица во локалната самоуправа на Општина Прилеп, јас го имам предадено и во Општинската организација на СДСМ во Прилеп, и кај централното партиско раководство. Верувам дека локалното партиско раководство има своја агенда за начинот на делување по однос на повикувањето на одговорност заради незаконското работење на општинските власти. Сметам дека секогаш кога е во прашање повредата на јавниот интерес, без разлика на партиската определба, секој поединец има обврска и одговорност да иницира постапки во кои ќе ги повикува властите да дадат отчет за своето работење пред надлежните органи“, поентира адвокатот Стеваноски.

12080854_1119499941393808_2026528508_n 12080751_1119500054727130_1788397602_n 12080944_1119500148060454_763420447_n 12086861_1119500338060435_1814738058_n 12047600_1119500414727094_189536591_n 12092696_1119500548060414_953895026_n 12048779_1119500708060398_852560938_n 12092195_1119500761393726_1445161372_n