Дескоска: Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ ќе го уништат СЈО

0
1257

Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ имаат намера да го уништат Специјалното јавно обвинителство и да ги запрат сите постапки, вели министерката за правда, Рената Дескоска, во врска со 65-те амандмани кои ги поднесе опозицијата за Законот за јавно обвинителство.

-Со тие амандмани се уништува СЈО, се уништуваат истрагите, предистражните постапки и постапките кои ги презело СЈО. Тоа не се амандмани кои можат да го подобрат текстот – изјави Дескоска за ТВ21.

Таа не е оптимист дека ќе биде постигнат договор со ВМРО-ДПМНЕ.

-Не сум многу отпимист во процесот, би сакала ВМРО-ДПМНЕ да ме демантира. Сепак не се откажуваме од процесот на разговори, но свесна сум за интересите кои ги имаат и дека се пред општите интереси на граѓаните – рече министерката.