ДЕНЕС НА ГРУЕВЦИ И НА РЕЖИМСКИОТ ПОДЛИЗУРКО САЧЕВАЛИЕВ ЌЕ ИМ СЕ СТЕМНИ НА СУД : Снимката во случајот „Поткуп“ против Заев ќе биде ЦЕЛА пуштена во судница каде ќе се види МЕСТЕНКАТА ПРОТИВ ЗАЕВ!

0
1321

Во кривичниот суд денеска треба да сведочи бизнисменот Иван Николов Сачевалиев во предметот„Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев. Исто така, во судницата ќе биде пуштена снимката во која Заев наводно договара поткуп, а која е доказ против него. Сачевалиев не се појавуваше на досегашните судски рочишта за предметот, а на последното судијата рече дека успеале телефонски да го добијат за да дојде на денешното судење.

Судот му го прифати барањето на Зоран Заев и на неговите адвокати снимките за „Поткуп“ обезбедени како посебни истражни мерки да бидат изведени во присуство на јавноста. Заев рече дека побарал јавноста да биде присутна поради фактот дека е премиер и претседател на најголемата политичка партија, со цел да врати дел од загубените чест и углед во јавноста што му биле нарушени со нивното делумно објавување.

Заев тврди дека снимките што се објавени на интернет се со најмалку два прекина за да се дискредитира неговиот интегритет и угледот. Неговиот адвокат, Филип Медарски, посочи дека снимките биле објавени за политичка егзекуција на Заев во јавноста. „Снимките веќе претходно беа објавени во јавноста на начин што со прекините им даваат сосема поинакво значење“, рече Медарски.

Обвинителката Валентина Бислимовска од Обвинителството за организиран криминал и корупција се изјасни дека е против ваквиот предлог бидејќи, иако се декласифицирани, тие може да се користат под строго определени услови во судска постапка.