ДЕНЕСКА СЕ ОДРЖА НОВО РОЧИШТЕ ЗА НОВИНАРОТ ЗОРАН БОЖИНОВСКИ

0
1481
Денеска со почеток во 11ч беше закажано рочиште за новинарот Зоран Божиновски. Кој е интересот на Oбвинителството за организиран криминал и корупција да води судска постапка против Зоран Божиновски и да не го предаде предметот на СЈО, кога сите сведоци и докази се наоѓаат во предметот „Шпион“ преземен од СЈО?
Во овој предмет, во кој им се суди за злосторничко здружување, шпионажа и уцена, опфатени се поранешни и сегашни разузнавачи од цивилното и военото разузнавање, екс полициски службеници, екс директорот на Управата за борба против перење пари, екс шефот на Претседателот на Собранието на Република Македонија.
Меѓу нив е и новинарот Зоран Божиновски кој се товари за три дела, но неговата постапка беше во прекин, затоа што српските власти кои го уапсија во 2013 година, не ѝ го испорачуваа на Македонија, сѐ до март годинава, кога во „брза“ постапка, за само еден ден, беше екстрадиран.
Точно една година од затворањето на Зоран Божиновски со обвинение без дело. Крив е што жестоко се бори за вистината, крив е што е геније, крив е што има муда, крив е што мрази корумпирани политичари, криминалци и курви.
Јас ќе му додадам уште една вина. Крив е што веруваше дека има луѓе кои ја сакаат вистината исто колку тој што ја бара. Неговото обвинение нема докази. Помина една година како судијката и обвинителот кои се во служба на мафијата ги одлагаат рочиштата за да остане затворен.
Неговите судења ги следат ОБСЕ, Хелсиншки, Праведно судење, во неколку наврати ЗНМ, и неговото семејство и јас, и респект за неколкуте пријатели кои му беа поддршка на некои рочишта.
Рочиштата личат на фарса облечена во судски одела кои ги дават законите во плитко, ако запливаат во подлабоко сидијката и обвинителот ќе се удават. Не пливаат во длабоките води на професионалност и стручна спремност.
Зоран Божиновски ги издржа сите интриги кои се осмислени за да го скршат духот на човек кој верува во правда и вистина. Штрајкуваше две недели без храна и вода поради притисоците кои му ги правеа, физички ослабна но духот , пркосот останаа.  Издржа верувајки, и сеуште е убеден дека овој режим ќе падне.
На последното рочиште, откако заврши се случи глупава препирка со обвинителот.  Пушевме цигара пред судот со одбраната на Зоран и семејството, ми пријде обвинителот со прашање што работам, му одговорив дека бркам приказни вистина за криминалци од власта.
Ми рече да дојдам кај него ако дознаам и да пријавам. Се насмеав и му одговорив “Благодарам на поканата но јас верувам во СЈО”
И тука пукна бесот на обвинителот. Се заврте и замина за по десет чекори да се врати и продолжи со кавга.
Рече ” Што е СЈО, ангели се ? Ние што сме ? Лошите па не верувате ? СЈО нема да постои!
На ова викање одговорив:
Не, ангелот сум јас а вие слуги на злото, а СЈО е единствената независна институција во која веруваат над 60% граѓани на Македонија.
По ова повторно се заврте и замина без да се врати овој пат.
Препискава, скоро сум сигурна дека ќе биде пријавена кај судијката и можеби нема повеќе да влезам на рочиштата кои се отворени за јавноста, но, мојата разочараност од институциите кои треба да бидат столб на демократијата, чувар на правдата останува горчлива.
Ако земјава не ја ослободи правдата тогаш нема ниедна причина да и веруваме на Македонија, на политичарите, на животот во земјава.
Во Македонија има чесни граѓани кои ги почитуваат законите, и имаат морална обврска кон правдата и животот.
Јас сум една од таквите, и скоро секогаш имам чувство дека сум будала која сеуште верува дека честа е единствен приоритет и насока која може и мора да профункционира.
Се надевам , дека правдата, вистината ќе победат и тоа побрзо, затоа што верувањето се троши и поминува.
СЛОБОДА ЗА ЗОРАН БОЖИНОВСКИ
Човекот кој ја пишуваше вистината
Извор : ЦентарЊуз