ДЕНЕСКА Е ИСТОРИСКИ ДЕН: СЈО ЗАПЛЕНИ 14 МИЛИОНИ ЕВРА ОД СЕАД КОЧАН, СЕГА ЌЕ ГО ДЕРАТ ЅИНГО СО 3 МИЛИОНИ ЕВРА!!!

0
11699
СЈО ја завршила конфискацијата од „Трансмет“, компанијата на осудениот Сеад Кочан, а истото планира да го стори со „Силекс“, но од негова сестринска фирма, по пресудите во случајот „Труст“.
Специјалното обвинителство информира дека заплената на имотот на „Трансмет“ е во вредност од 459.952.842 денари готовина и движен имот од 427.138.000 денари.
СЈО сака остатокот од вредноста за обештетување на државата да ја надополни со вредност на имотот на РИК „Силекс“, бидејќи оној „осудениот“ Силекс нема имот и пари.

Специјалното јавно обвинителство го чека решението од Апелацискиот суд по нивната жалба од октомври за првостепената пресуда за случајот „Труст”. Обвинителите на СЈО сметаат дека затворските казни треба да бидат поголеми и дека Законот за трговски друштва во овој случај дозволува конфискација на имот и на РИК „Силекс” од Кратово.

Според обвинението, осомничените раководителчи на двете фирми формирале конзорциум и со лажни документи добиле тендер за ископ на јаловина во РЕК Битола.

Сеад Кочан е осуден на казна затвор од 6 години, Василије Авировиќ доби 3 години, а Сафет Ватиќ е ослободен од обвинение.

Обвинетите Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ според обвинението формирале конзорциум и со лажни документи добиле тендер за ископ на јаловина во „РЕК Битола“.

Тие во завршните зборови пред судот се изјаснија дека не чувствуваат вина за делото за кое се товарат.

СЈО побара фирмите „Трансмет“ ДОО Скопје и „Силекс неметали СТ“ преку конфискација да вратат во државниот буџет 17 милиони евра.