Демократски сојуз: Eфектите од политичката криза се катастрофални

0
899

Демократскиот сојуз повикува разговорите помеѓу политичките партии за излез од севкупната криза да бидат транспарентни и истите да се забрзаат, а во решенијата да се вклучат предлозите од Демократскиот сојуз и граѓанските асоцијации.

Од партијата велат дека сè поголема е загриженоста на граѓаните за иднината и перспективите на државата, како и разочараноста од состојба на статус кво.

„Демократскиот сојуз и граѓаните, пошироката јавност и медиумите, немаат елементарни податоци за предлозите како да се среди Избирачкиот список, кои се предлозите за реформи во медиумите и сл., туку само парцијални и наменски изјави од претставници на партиите вклучени во преговорите. Инаку во времето на “замрзнување” на учеството во работата на Парламентот на опозицијата, се случуваат крупни промени на штета на државните интереси. Така, се вршат системски промени во МВР, се отвора нов партиски Универзитет, се носи ребаланс на Буџетот во функција на клиентелизамот за изборите и многу други проекти кои значат подготовки за нерамноправен изборен натпревар“, се наведува во соопштението.

ДС бара сите партии да се вклучат во аргументирана расправа и анимирање на медиумите и граѓанскиот сектор, со цел да се спречи донесување на акти кои ќе имаат долгорочни штетни последици за Македонија, владеење на правото и демократијата.