Демократски сојуз: Издавањето на еврообврзница од 650 милиони евра е грабеж на граѓаните

0
975

Неразумното трошење на народните пари преку изградба на споменици, дуплирање на администрацијата, мегаломанските инфраструктурни проекти, организираниот криминал и блокадата на евроинтеграциските процеси, ја доведоа Македонија до економски и финансиски колапс, соопшти Демократскиот сојуз.

Задолжувањето на државата со издавање на еврообврзница од 650 милиони евра и дополнително за 350 милиони евра преку каматата за следните 10 години, според партијата, е своевиден грабеж на граѓаните.

„Ова одлука на владата е без претходни анализи и пошироки консултации и е одраз на ароганцијата и автократско владеење. Граѓаните не се согласуваат и понатаму да бидат задолжувани за да продолжи хаосот и грабежот“, стои во соопштението.

ДС бара во Парламентот да се отвори расправа за вкупните задолжувања и да се блокира реализацијата на еврообврзницата. Сите други коментари, според ДС, може да се сумираме во една реченица “кучињата лаат, а карванот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ оди”.

Партијата, исто така предлага брзи избори за да се случат промени и одговорност за лошите политики, деценискиот грабеж и, како што додава, иселувањето на над 600 илјади Македонци.