Демократски сојуз: Да се повлечат од избори оние кои го урнисале уставниот поредок

0
1011

По објавувањето на информациите од СЈО, по чија наредба незаконито се прислушувале илјадници граѓани, целта на прислушувањето и кој сé бил “корисник” на прислушуваните разговори, Демократскиот сојуз бара одговорност и повлекување од изборниот процес, на сите кои биле вклучени во урнисувањето на Уставниот поредок, газењето на човекови права, нарушување на изборниот процес и навлегување во приватноста на граѓаните.

„Се потврдија сомненијата на Демократскиот сојуз, дека прислушувањето е вршено по налог на раководството на МВР (сите кадри од ВМРО – ДПМНЕ), потоа дека прислушувањето е вршено преку системите на МВР и дека корисници на прислушуваните разговори биле носителите на високи државни позиции, пред сé претседателот на Владата и воедно лидер на ВМРО – ДПМНЕ. Пред две години и сега бараме, политичка и кривична одговорност за сите актери на ова злосторство и спрема сопствениот народ и држава. Со изборите не може и нема да се покрие кршењето на човековите права и криминалот. Секој треба да биде свесен дека правдата можеби касни, но сепак стигнува.“, се наведува во соопштението.