Демант: Палевски да се извини за изјавите на Радио Белизе во спротивно ќе попие цел шлепер тужби, ништо не ги покрива криминалите на Груевски, ќе има одговорност!

0
1857

Ниту една лага на медиумите под контрола на Никола Груевски и неговите платеници нема да успее да го спаси од одговорност за направените криминали и злодела.

Љупчо Палевски зборувајки за измислени имоти и пари во странство, каде што не постојат, се става во директна служба на Никола Груевски кој со фамилијата изнел над 5 милијарди евра во Македонија, а според информации во јавноста распослани се и со станови и фирми по рајските земји.

Проекциите на Груевски не му помагаат, само нанесуваат дополнитена штета на оние кои влегуваат во неговите сценарија од свои причини.

Бараме Љупчо Палевски веднаш да се извини за изнесените лаги и клевети за претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и за СДСМ.

Укажуваме дека медиумите кои ги објавиле лажните информации од Палевски се должни да го пренесат овој демант.

Во спротивно ќе бидат поднесени соодветни тужби.