ДЕМАНТ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ : Во Велес имавме успешна трибина, неуспешен беше обидот на десетина партиски активисти да создадат впечаток дека земјоделците наводно ја напуштиле трибината

0
976

Во врска со информациите во дел од медиумите дека сточарите ја напуштиле трибината, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство одговорно известува дека трибината ја посетија повеќе од 180 земјоделци кои присуствуваа и активно дискутираа повеќе од два часа, до крајот на настанот, на разни теми од сите области на земјоделството. Неуспешен беше обидот на десетина партиски активисти да создадат впечаток дека земјоделците наводно ја напуштиле трибината.

На денешната трибина во Велес, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, посочи дека МЗШВ и Владата ја следат состојбата со откупот на јагнето. Николовски потенцираше дека во моментов е сезоната на откуп, но пикот на продажба се очекува да биде после први април пред самите празници.

Во понеделник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се одржи средба со фирмите кои вршат откуп и извоз на јагнешко месо и претставници на кланичната индустрија. Со нив ќе се разговара за откупот на јагнето и движење на цената на пазарот. Додека во вторник е договорена средба со Управниот одбор на Сојузот на одгледувачи на овци на Република Северна Македонија, на која ќе се разговара за производната и продажната цена на јагнето.