ДЕМАНТ ОД КАБИНЕТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ НА КУРИРИТЕ : Специјалната единица ВОЛЦИ не се укинува, туку се трансформира во батаљон под здружена оперативна команда според стандардите на НАТО!

0
1513

Во врска со Вашите прашања, Ве информираме дека неодамна претседателот Стево Пендаровски ја потпиша новата формациска структура на Армијата, на предлог на Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана на Република Северна Македонија.

Полкот за специјални операции не се расформира, туку се трансформира во Баталјон на специјални сили, кој ќе биде потчинет на Оперативната команда, а не како досега на Генералштабот. Како што е утврдено и во Стратегискиот одбранбен преглед, донесен во јуни 2018 година, Баталјонот на специјалните сили ќе извршува специјални задачи во согласност со доктрината и практиката на специјалните сили на НАТО. Покрај командата, Баталјонот ќе се состои од две чети на специјални сили (од тимски состав) и логистички вод.

Во однос на кадровските капацитети, вработувања и распоредувања на припадниците на единиците на Армијата, Претседателот како врховен командант ќе ги поддржува сите чекори насочени за подобар квалитет на условите на живот и работа на војниците, нивната опременост и подготвеност, цели кои се уште позначајни во пресрет на нашето членство во НАТО.

Соодветната и правична застапеност на сите заедници во Армијата е принцип кој мора да се зачува. Иако претседателот нема надлежност над поединечните конкурси за вработување на припадници на Армијата, како врховен командант поддржува политики преку кои ќе се овозможи соодветна и правична застапеност на сите заедници во Армијата и принципот – кој и да е војник, на кое било место на кое ќе конкурира да биде избран исклучиво врз основа на своите способности.