Демантот на Груевски треба да се стутка и да му се фрли пред Влада

0
1004

Груевски призна дека имал план да постане сопственик на градежна парцела на Водно. Доказ е што тој не го демантира разговорот од снимката што ја објави Зоран Заев на 15 овој месец а на која Груевски и Јанакивески разговараат за промена на ГУП и ДУП за да може Груевски да ја реализира намерата да биде стопан на градежно земјиште на Водно за да градел хациенда или како ли се именуваат таквите луксузни објекти.

mitko-Jovanov-slika-za-kolumni1

Соопштението на Груевски кое тој го именува како демант а со кое всушност не ја демантира содржината на објавената снимка, гласи; „Најостро ги демантирам, како целосно невистинити, наводите изјавени од Зоран Заев за тоа дека наводно сум купувал градежни плацеви и дека наводно сум сопственик на било каков плац, или пак на било каков начин поседувам имот надвор од оној кој е пријавен во мојот анкетен лист, кој е јавно објавен“.

Прво, Заев не зборуваше на снимката, туку тоа е гласот на Груевски. Заев само направи хронологија на настаните што се случуваа од 2013 година навака а поврзани токму со намерата на Груевски да се стекне со плац на Водно. Груевски не демантира дека гласот на снимката не е неговиот глас. Не го демантира разговорот со Миле Јанакиевски кој го водат за како да го променат  ГУП и ДУП пред локалните избори. Не демантира за која „работа од комбето“ треба Јанакиевски да преземе мерки да се заврши, ниту пак за разговорот што го имал Груевски со Коце Трајановски за да ја оствари целта.

Ниту збор не кажа за комбето со кое се возеле за да разгледува и избира парцели за згради и други слични градби. Не го одрекна ниту тоа што му текнало дека решение за да се сокрие од погледите на околината било да се изгради потпорен ѕид а кој требало да биде шест до седум метри висок за соседите во него да гледаат.

Анкетниот лист и Антикорупсицка комисија не се , тоа и Заев го рече на прес-конференцијата затоа што овие парцели се купувани преку оф шор компании чии сопственици не се познати, но се псоменуваат некои имиња на бизнисмени во снимката.

Токму затоа соопштението кое Груевски го именува демант, опозицијата и медиумите треба да го испринтаат, да го стуткаат и да му го фрлат пред вратата во Владата од каде е испратено Така симболично да манифестираат дека јавноста/граѓаните,  не се недоветни за Груевски да се зафркава со нив а за таа цел да ги користи медиумите.

Митко Јованов