Движењето за реформи во ДПА: ДУИ дојде на власт со крвта на Албанците, но ќе замине поради криминалот

0
1233

Поговорката дека „Вистината може да забави, но не и да заборави“ не е случајна. Денеска јавноста имаше можност да слушне вистини кои досега разни државни механизми ги имаат заштитено ДУИ од компромитирање, дури и им изградија лажна слика во очите на Албанците, реагира Движењето за реформи во ДПА.

zijadin-sela41-540x263

„ДУИ дојде на власт преку крвта на Албанците, но ќе побегне од власт поради корупцијата, криминалот, финансиски злоупотреби и мултидимензионалните неуспеси. Денес бевме сведоци на тоа како шефот на ДУИ има направено договори за продажба на земјиште и легализација на објекти. Бевме сведоци на тоа како како вториот човек на ДУИ ја негира својата национална припадност. Слушнавме како министер тврди дека 80% од проектите на ДУИ се игнорирани од страна на коалицискиот партнер.

Слушнавме како пратеник на ДУИ признава дека највисоката образовна институцијата за Албанците ДУТ, е деградиран од партиските војници, велејќи дека Државниот универзитет на Тетово е предводен од неписмени. Слушнавме за тајните состаноци на функционерите на ДУИ со поранешниот српски претседател Борис Тадиќ. Слушнавме како Слободната економска зона во Тетово, се управува од некомпетентно лице од Челопек, општина Брвеница, кое се прикрива под фиктивна компанија од Норвешка, и управува со неа.

Слушнавме како општините со албанско мнозинство се казнуваат, а ДУИ е неспособна да ги заштити. Слушнавме како се спремни да уништуваат цели села, под изговор дека тие не се изградени во согласност со законите. Денеска, сомнежите се претворија во неизбежни факти. Во владата на Груевски, ДУИ била само партнер во програмата за криминал, корупција и измама, додека нејзината политичка програма се игнорирала или била основ за финансиски пазарења, тендери и незаконски придобивки од страна на високи функционери на ДУИ“, се наведува во соопштението на Движењето за реформи во ДПА.