Две обвинителки на СЈО упаднаа во РЕК Битола, се чешла тендерската документација

0
1373

Две обвинителки од СЈО од денеска ја истражуваат тендерската документација во РЕК Битола која се однесува на ископ на јаловина и транспорт на јаглен од рудникот „Суводол“, дознава Фокус од извори во битолскиот комбинат.

Во една од опозициските „бомби“ што ги објави лидерот на СДСМ Зоран Заев, во разговор помеѓу поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски во шифри, со асоцијации или по име, се спомнуваат директорите на градежните компании „Пелистер“ од Битола, „Трансмет“ од Скопје, „Гранит“ од Скопје, како и еден од сопствениците на „Силекс“ од Кратово, кои биле главни учесници на тендерите на државната компанија ЕЛЕМ.

Споменатите компании ги добивале јавните набавки на ЕЛЕМ во текот на 2012 година.