Две гостиварки затруени од печурки

0
896

2006-10-25_Amanita_muscaria_crop1-540x385

Две гостиварки паднале во бесознание откако најверојатно вчера се затруле со отровни печурки. Тие уште соноќа биле пренесени на Скопските клиники, каде докторите се борат за нивните животи.

Според информации на СВР Тетово, синоќа околу околу 18 часот и 30 минути, во Гостиварската болница биле донесени К.П. (67) и нејзината снаа К.П, (30) од населбата Циглана 2. Постарата жена била во бесознание, а другата видно зашеметена. Таа успела да објасни дека претходно собирале, а подоцна и јаделе печурки. Набрзо потоа имале и нагон на повраќање и болки.

Заради сериозноста на здравствената состојба, по првата помош, тие се пренсени на Скопските клиники и според последните информации не се контактабилни. Се претпоставува дека труењето настанало од конзумирање на печурката аманита.