ДВА ДЕНА ПО УБИСТВОТО НА ОСУМ ПОЛИЦИЈАЦИ ВО ДИВО НАСЕЉЕ ВЛАДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ НА СМЕТКИТЕ НА СИТЕЛ, АЛФА И КАНАЛ 5 ТВ ПРЕФРЛИЛА 2.687.471ЕВРА

0
4939

Скандал од невидени размери ги тресе македонските медиуми и провладини аналитичари. Според официјалните статистики, 13 милиони евра од Владата на РМ завршиле само на сметките на Сител, Канал 5 и Алфа ТВ. За овие средства, била развиена злосторничка шема од повеќе други портали и телевизии преку кои се слевале парите.

Ова е официјален документ за трансферите на пари што ги правела Владата кон трите национални телевизии под нивна контрола, во последните три години – 2013, 2014 и 2015 година.screen-shot-2016-02-01-at-14-15-58

На 9ти мај, во кумановската населба „Диво Насеље“ беа убиени 8 полицајци, припадници на МВР. Но вистината за овој настан сеуште не излезе на површина. Но погледнете што се случува 2 дена после овие настани. Според официјалните податоци:

На сметката на телевизија Сител на 11 мај 2015, власта на Груевски, префрлила 931.518€
На сметката на телевизија Алфа, на 11 мај 2015, власта на Груевски префрлила 931.618€
На сметката на телевизија Канал5, на 11 мај 2015, власта на Груевски префрлила 824.335€Или, власта на Никола Груевски на 11 мај 2015 г. на сметките на Сител, Алфа и Канал 5 ТВ префрлила 2.687.471 евра! 2 дена после убиството на 8 полициски службеници во „Диво Насеље“.

d0bad0b0d0bc