Двајца пациенти починаа поради дефект на амбулантно возило од Крива Паланка на пат кон Скопје

0
2620

До редакцијата на Народен Глас пристигна допис по мејл во кој се вели дека поради дефект на амбулантно возило денес две лица починале на патот за Скопје и ургентен центар.

“Два пациенти од Крива Паланка, денес се пратени со возило на брза помош од Крива Паланка за Скопје.

По пат комбето останало дефект, додека се чекало да се отстрани дефектот на скопската патарина и двајцата пациенти умираат и не успеваат да стасаат до Ургентен центар во Скопје.

Жално, ама тоа е реалноста за македонското здравство”, се вели во мејлот испратен до нашата редакција.

 Screenshot_1