Двата нови Lumia телефони ќе доаѓаат со скенер за шареницата

0
986

Неколку пати до сега излегуваат неофицијални информации за новите знаменосци од Microsoft, а овој пат тие доаѓаат директно од Windows Central, портал специјализиран за новости од оваа компанија. Тие тврдат дека информациите доаѓаат од повеќе извори кои што се запознаени со случувањата и веруваат дека повеќето се точни и може да се очекуваат кога ќе бидат претставени телефоните.

Screenshot_7

Што се однесува до карактеристиките, информациите до кои што имаат дојдено од Windows Central се истите кои што ги објавивме оваа недела. Имињата на телефоните треба да бидат Lumia 950 и Lumia 950 XL, меѓутоа тоа се’ уште не било одлучено, па не може да се земе како сигурна информација. Она што се смета за сигурно се нивните кодни имиња кои што се користат за време на нивниот развој, а тоа се веќе објавените Talkman и Cityman.

Она што е ново како информација е достапноста на две бои како избор, односно бела и црна мат боја. Исто така, истакнато е дека дизајнот на уредите ќе биде целосно квадратен, а тие ќе се истакнуваат и со малата дебелина и тежина.

Сликата на почетокот од статијата е направена од страна на Windows Central врз основа на информациите кои што досега ги имаат добиено, како и моделите кои што им биле прикажани, па се најавува дека вака би требало да изгледа XL моделот.

Двата модели треба да вклучуваат сензор за скенирање на шареницата од очите, што ќе овозможи отклучување на уредот преку новата Windows Hello функција достапна и за другите уреди.

За поголемиот модел, односно Lumia 950 XL се најавува достапност и на пенкало, нешто што е често карактеристично за поголемите телефони. Овој модел треба да вклучува 5,7 инчен екран, што го става во таа категорија.

Информациите на Windows Central исто така говорат дека за моделите како посебен додаток ќе се продаваат футрола и док.

Футролата треба да вклучува тркалезен отвор преку кој што ќе можат да се гледаат нотификациите и повиците. Докот ќе биде за интересната и кориснаContinuum функција на Windows 10, со што ќе се овозможи телефоните да се поврзат со екран, глувче и тастатура и да се користат како десктоп компјутери.

Овие додатоци нема да доаѓаат заедно со телефоните, односно корисниците ќе можат посебно да ги нарачаат.

Претставувањето на телефоните се очекува за оваа есен, поточно на IFA 2015 настанот, додека нивната продажба се очекува да започне некаде од октомври или ноември. Поголемиот модел се најавува дека би бил достапен неколку недели подоцна од помалиот.