г.г. Стефан тотално одлепил, бара Македонците во Австралија да се прекрстат, превенчаат и препогребат

0
1036

100-36-

Да се препогребаат, превенчаат и прекрстат сите Македонци од Австралија кои не се дел од црквите кои се под јурисдикција на владиката Петар, одлучил архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан.

Верниците треба да ги повторат црковните ритуали во рок од 12 месеци, односно до 30 септември 2016 година до кога МПЦ ќе ги изведе бесплатно, а потоа според ценовникот на Црквата.

мпц

Во одлуката сите овие Македонци се наречени „таканаречени верници“, а има и список на свештеници и ѓакони за кои Синодот на МПЦ вели дека нивните венчавања, погребувања и крштевања се неважечки, затоа што биле расчинети. Оние кои нема да ја послушаат оваа наредба, ќе бидат исклучени од црквата и нема да можат да одат на причест.

Порталот Република дојде до одлуката на МПЦ.