Гувернерот во одбрана на РЕЖИМОТ: Богов влезе во војна со Ордановски и медиумите?!

0
1050

Настанот на кој се објави поврзувањето на берзите од Македонија, Хрватска, Бугарија, Србија и Словенија, гувернерот Димитар Богов го искористи за политичка порака. Се обрати до аналитичарот Сашо Ордановски и до дел од медиумите кои се интерсираа и ја критикуваа одлуката на НБРМ да дозволи македонските граѓани да поседуваат сметки во странство и тоа пред избори, пренесе Алсат.

„Сашо Ордaновски се уште не слушнал за СЕЕ Линк. Да знае дека берзата отвора врата за трансфер на капитал во странство, веднаш ќе прати демонстранти пред берзата, како што ми се закануваше мене дека ќе ми прати пред НБРМ. Па уште кога Телма ќе те праша: A, зошто баш сега? Како да сега треба да запреме со сите активности. Шегата настрана, додека некои сеат магла и измислуваат теории на заговор, некои работат на подобрување на состојбите во финансискиот сектор“, изјави Димитар Богов, гувернер на НБРМ

Богов лично реагираше откако Ордановски ја критикуваше одлуката на НБРМ да дозволи македонските граѓани да поседуваат сметки и во странски банки. За Ордановски тоа е начин, како функционерите ќе ги изнесат во странство милијардите добиени од провизии во земјава. Гувернерот Богов ги подучи медиумите дека треба да ги кренат стнадарите на програмата што ја емитуваат.

„Можеби телевизиите можат да ја откупат хит серијата „Силиконска долина“, наместо уште една турска или идниска серија или уште едно реално шоу, барем младите ќе добијат паметна бизнис идеја наместо тоа како да станат волци, старлети или плачливи невести“, изјави Богов.

Обраќањето на Богов беше на одбележувањето на 20 годишнината од постоењето на Македонската берза, каде официјлано се промовираше регионалното поврзување на берзите. Новината е во тоа што сега македонските граѓани ќе може да купуваат акции директно во странските компании, нешто што досега не беше дозволено.

Извор: Алсат