ГРУЈО ЈА ЗАКОПА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА, РЕЖИМОТ ПЛАНИРА ДА ДОКУПИ СЕ ШТО НЕ КУПИ ИЗМИНАТИТЕ ГОДИНИ НА ВЛАСТ, СЕГА ВЛАДАТА ИЗДАДЕ ЕВРОБВРЗНИЦА, ОД 650 МИЛИОНИ ЕВРА, ЗА НЕПОЛНА ГОДИНА МАКЕДОНИЈА Е ЗАДОЛЖЕНА ЗА 920 МИЛИОНИ ЕВРА

0
949

Македонската Влада во Службен весник ја објави одлуката за задолжување на земјата за 650 милиони евра преку издавање на обврзница деноминирана во евра.

Новото задолжување ќе се реализира во текот на оваа година. Парите ке се користат за покривање на буџетскиот дефицит за оваа и следната година и за рефинансирање на старите долгови. Еврообврзницата ќе се отплаќа за период од 10 години и ќе биде издадена преку претставништвото на Дојче банк во Лондон.
Во одлуката уште се наведува дека еврообврзницата ќе котира и со неа ќе се тргува на Ирската берза за хартии од вредност.

Ројтерс објави декапочнувајќи од 11 јули ќе бидат организирани серија средби со инвеститори во Велика Британија и САД кои би биле потенцијални купувачи на должничките хартии од вредност кои ќе ги издаде Македонија на меѓународниот финансиски пазар.
Македонија е прва држава која излегува на меѓународниот финансиски пазар со издавање на обврзница во евра по Брегзит, заради што многу аналитичари задолжувањето на Македонија го гледаат како тест на европските финансиски пазари.

Моменталниот рејтинг кој Македонија го има како држава е BB-од страна на Standard & Poor’s и рејтинг BB+ од Fitch.

Македонија последен пат издаде еврообврзница во ноември 2015 година кога се задолжи со 270 милиони евра со рок на доспевање од 5 години со камата од 5,125%, од кои 150 милиони евра беа употребени за враќање на еврообврзницата која беше издадена во 2005 година, а која доспеа во декември 2015 година.

Во 2014 година на меѓународните пазари се задолжи за 500 милиони евра по камата од 4,25% со рок на отплата од 8 години, односно таа достасува за наплата во 2021 година.

Претходната еврообврзница од 150 милиони евра која беше издадена во 2005 година, а беше со камата од 4,625% и беше отплатена во декември минатата година.
Значи во период од две и пол години, заедно со новата еврообврзница од 650 милиони евра, Македонија ќе се задолжи во странство за 1,42 милијарди евра.