Грујо тотално е немоќен, странците повторно му акнаа еден завратник: Партиите се договорија за тимот на Јанева, преговорите на работните групи продолжуваат

0
950

Денеска, точно напладне, продолжуваат преговорите на работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино за изборните закони, откако утринава тие се договорија да го деблокираат спорот за специјалното обвинителство, јавува „Мета“.

Имено, како што дознава „Мета“, во 1 часот по полноќ, четирите политички партии потпишаа писмо кое треба да го испратат до министерот за правда, Аднан Јашари, кој треба да му сугерира на Советот на јавни обвинители да ги избере преостанатите седум помошници-обвинители на Катица Јанева.

Дознаваме дека тоа треба да се случи в понеделник, за кога е закажана седница на Советот на јавни обвинители, и тоа неколку часа пред веќе избраните обвинители да дадат свечена изјава. Со тоа би се деблокирал Договорот од Пржино, а евркомесарот за проширување, Јоханес Хан, само би го поздравил напредокот.

Како што дознаваме, ВМРО-ДПМНЕ откако го добила писмото, повторно ги напуштила преговорите, за по серија притисоци од меѓународниот фактор, конечно да го потпишат и да се согласат со него.

На вчерашните преговори на работните групи, исто така била испратена молба и до Уставниот суд за побргу да ја закаже седницата за оценување на уставноста на законот за Специјално јавно обвинителство.

Денеска на преговорите на работните групи се очекува да се постигне договор за изборните закони, кои најдоцна в понеделник, исто така, би требало да се најдат во собраниска процедура.