ГРУЈО СО ШОКАНТНА ИЗЈАВА ВО СУДНИЦА ГИ СТАПИСА ВМРОВЦИТЕ, ТВРДОКОРНИТЕ И ЌОСИЊАТА : Не сум виновен, јас не ги терав ВМРОВЦИТЕ да упаднат во Собрание и да кољат и тепаат пратеници, САМИ ОТИДОА ДА ГО ПРАВАТ ТОА!!!

0
3845

Поранешниот премиер Никола Груевски тврдеше дека не сторил ништо од злосторничко здружување, злоупотреба на пари за финансирање на изборна кампања и изборни нерегуларности, дела коишто му се ставаат на товар.

„СЈО немаат докази за тоа што го тврдат. Јас само раководев со партијата која ги добиваше сите избори убедливо од 2006 а за тоа дека пред изборите имаме убедливо водство докажуваа и анкетите објавувани пред избори. Инсинуации се дека сум се договорил со некој од обвинетите и дека сум натерал да стори кривично дело. СЈО ги конструира овие случаи“, рече Груевски во судницата, а надвор од судот не сакаше да даде изјава за медиумите.

За време на процесот, адвокатката на една од обвинетите на судијата му предочи – поранешни тројца новинари на Телевизијата А1, коишто се сведоци на СЈО, да заработат прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, зашто пишувале за изборите во 2011.

Бранителот пак на обвинетите Гордана Јанкуловска и на Илија Димовски, го спомена помилувањето на претседателот Ѓорѓе Иванов. Тврдеше дека за неговите клиенти не може да биде повлечено помилувањето и побара постапката против нив да биде запрена.

Ова е второ рочиште по ред на кои се произнесуваат воведните говори од страна на одбраната. Пред една недела адвокатите шест часа образложуваа како ќе докажат дека обвинетите не се виновни.

Претходно, пак, СЈО настапи. Според обвинението во 2011 Груевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Јанакиески и Јанкуловска создале група во која целта била вршење на кривични дела против изборите и гласањето, за време на предвремените парламентарни избори во 2011.

Извор : Канал 5