ГРУЈО СЕ ЈАВИ СО ПРВО ИНТЕРВЈУ ПО БЕГСТВОТО ОД ЗЕМЈАВА: Заев би ме убил не па да ми помогне да избегам, во Будимпешта не сум осамен, секој ден ми доаѓаат гости од Македонија, немам трошоци затоа што смештајот ми е бесплатен!

0
1288

Новинар на „Инфомакс“ имал подолг разговор со лице блиско до Никола Груевски, кое неодамна беше во Будимпешта каде неколку дена се дружеше со човекот кому Унгарија му додели политички aзил, заради политички пpoгoн.

Нашиот соговорник ни кажа, пишува Инфомакс , дека сака да остане анонимен за јавноста и неговото име да не се објавува, бидејќи како што рече не сака да се соочи со пpoблеми на работното место. Ова е време, додаде тој, во кое за видување со Груевски во држава во која тој е слободен граѓанин и заштитен како политички пpoгoнувaнo лице во Македонија, веднаш добиваш некаква кaзнa. Тоа ни го аргументираше со фактот што двете лица кои беа неодамна фотографирани со Груевски се веќе прераспределени, односно, уназадени на нивните работни места, а се бараат начини од нивното раководство како целосно да се избркаат од работа или да им се фингира некаква местенка по која пocурoво би се кaзнилe.

За Александар Трајковски кој беше фотографиран на улица со Груевски во Будимпешта, вели не само што е уназаден туку е ставен да работи како магационер во гаража под Вардар, каде нема ниту еден прозорец, иако истиот има здравствени проблеми. Слушнал дека и другото лице кое беше снимано во ресторант со Груевски во Будимпешта веќе е сериозно уназадено со сериозни економски ефекти, односно многу пониска плата.
Нашиот соговорник кој бил, пред сѐ, на средби со некои унгарски компании се вратил со позитивни импресии од Унгарија. Цените се многу слични како во Македонија, храната можеби е и поевтина бидејќи унгарската влада многу субвенционира во тој дел. Има огромен број странци кои постојано живеат и работат во градот и околу 5 милиони туристи годишно во градот. Сето тоа ги прави единствено цените на недвижностите да се поскапи од Македонија, заради големата побарувачка како за изнајмување така и за купување.

Изворот за Инфомакс, посочува дека Никола Груевски во Будимпешта е сместен кај пријатели и дека е таму како нивен гостин. Тој само во првите два-три дена бил во хотел, по што на нивен предлог се преместил кај нив. Тој се уште не знаел до кога ќе остане таму каде сега што е сместен во моментов. Разгледал неколку апартмани кои се изнајмуваат, но засега Груевски бил задоволен од моменталниот престој, а пријателите го убедувале да остане што подолго таму каде што е сега.

Исто така нашиот извор не информираше дека низ разговорите со Груевски констатирал дека екс-премиерот запознал доста нови пријатели – Унгарци но и странци кои подолго престојуваат во Будимпешта. Имал чести контакти со повеќе европски политичари надвор од Унгарија, кои го подржуваат и со кои разговара околу состојбите во Македонија и иднината на земјата.

Исто така за оркестрираната кампања против него, Груевски го навел и примерот за тоа дека, иако свесни дека не е така, поголем број негови политички противници говорат дека тој избегал од правдата.

„Од каква правда сум избегал кога никогаш не сум отсуствувал од рочиште во суд, заминав кога судот ги погази сите можни принципи и закони и ми упати покана за 2 годишен затвор за нешто каде воопшто немам никаков прекршок, па по добивање на информации според кои се подготвува моја ликвидација во затворот решив да заминам за да привремено да се засолнам“ – коментирал Груевски.

Нашиот соговорник вели дека често се случува а особено персоналот во кафулињата и хотелските кафетерии да го препознаваат и му се обраќаа со ,,г-дине Груевски,, иако не им се претставил или прв пат е таму. Ова затоа што не само што Груевски долго беше премиер, туку и затоа што неколку недели во ноември и декември тој беше топ тема, главна вест во унгарските медиуми и предмет на остра полемика меѓу опозицијата и власта. Инаку, на последните избори во април 2018 партијата ФИДЕС на Премиерот Орбан освои повеќе од 2/3 пратеници во парламентот. Опозицијата има подршка од околу 20 осто од гласачите.

Интересно е што Груевски во минатото како премиер имал официјални средби и со сегашниот но и со поранешниот премиер на Унгарија од левицата.

За наводниот возач од видеото објавено на порталите од неодамна,Груевски кажал дека всушност повикал пријател со возило за полесно да замине кога забележал дека околу ресторантот се насобрале новинари, камермани и фоторепортери, за кои Груевски веќе подолг период има пракса да не дава изјави кога ненајавено го пресретнуваат, туку само кога ќе закаже средба со нив.

Од престојот и разговорите со Груевски нашиот извор забележал дека многу често, по неколку дена во неделата има посети од пријатели од Скопје, кои делумно со возила а делумно со евтините летови на Визер, чија повратна авионска карта е само околу 1200 денари оделе во Будимпешта да се сретнат со Груевски.

Груевски му се пожалил дека понекогаш имало денови кога доаѓаат и по две или три различни групи пријатели во ист ден, па се чуствувал непријатно бидејќи морал да го подели времето и иако сите допатувале заради него неможел да биде со нив доволно долго за со тоа да изрази почит кон нив за нивното доаѓање на далечина од околу 1000 км од Скопје.

Тој разработувал планови за негова работа таму во иднина. Имал највисок степен на политички азил, лична карта за странци и унгарски пасош за лица со статус на азил. Многу негови пријатели од Македонија и дијаспората, му понудиле финасиска помош, но засега не прифатил бидејќи заради престојот кај пријатели имал многу мали и незначителни трошоци во Будимпешта.

Ги следел медиумите и политиката во Македонија и со загриженост говорел за она што се случува во Македонија , за договорот од Преспа, за чија содржина кажал дека е целосно во грчка корист, за политичките прогони и апсења, за контролата на власта врз судството и обвинителството, за лошите економски политики и ситуација, начинот на кој се менува името и уставот, внесениот страв кај граѓаните од власта, растечкиот криминал и корупција на актуелната власт.

На крајот соговорникот на Инфомакс кој неодамна престојуваше неколку дена во унгарската метропола, ни кажа дека Груевски е во одлична здравствена, физичка и психичка кондиција, многу стабилен и со јасна мисла и визија и многу интересен соговорник кого со сигурност повторно ќе го посети во Будимпешта.