ГРУЈО ПРЕКУ ФЕЈСБУК ДО ВМРОВЦИТЕ ГИ ПОВИКУВА НА СТУД ДА ПРОТЕСТИРААТ ДИРЕКТНО ОД РУСИЈА И КАМЧАТКА : ВМРО-ВЦИ, ПРОТЕСТИРАЈТЕ ЗА МАЌЕДОЊА, ЈАС ЌЕ ВЕ ГЛЕДАМ И БОДРАМ ОД ТУКА!!!

0
2189

Обраќање на Груевски

Возљубени во Македонија,
Браќа и сестри,

Не дозволувајте клетиот Заев да ви ја пукне душата, Сергеј Варошлија е Македонец, но Македонецот не е Сергеј Варошлија, тој е многу повеќе од оваа талентирано момче, не дозволувајте да ви го земе името и идентитетот, да ви го пукне како балон со флорет, Заев, не Сергеј, нација без пари може, но без пари и без име не, за парите не се секирајте, тие се кај мене, тука на Камчатка, на сугурно, но вие морате да го сочувате името, така ќе победиме, поздравете ми го бате Саше и Илчета, Крстота, кого толку многу го мислам, кажете му на Мартин дека сум му нашол лек кај еден шаман тука на брегот на Тивкиот океан, на Мицко дека не сум видел поубави реки за хидроцентрали од овие на полуостровов, најмногу ми недостига Стефананџија, на Рангелова и купива лента за преку шишките каква што носи женската на Доминик Тим, Кристина Младеновиќ, мислам дека се викаше, со оригинален вез на локаните луѓе, ќе гледам преку Манитрансфер да ви пуштам некое евро за протетстот на 18 ноември, тоа и онака не се мои пари, тие се ваши пари, пари на целиот македонски народ!

Да живее Македонија
Да живее…сакав да кажам вмро-дпмне, ама се сетив дека таа работа е мртва.
Секогаш ваш
Никола Груевски
Камчатка
СССР

Фејсбук статус на Бранко Тричковски