Грујо оптегнат на плажа ко Јованка Орлеанка во Грција ги мести и притиска пратениците да гласаат за аменстија на Хашките случаи!

0
1156

Груевски бара итно од својата секретарка да се јавува на пратениците и веднаш да доаѓаат на гласање за хашките случаи, рече Зоран Заев на прес конференцијата во седиштето на СДСМ.

Nikola-Gruevski

-Груевски ги местел пратениците и се криел зад собранието за хашките случаи, рече Заев. Според него, Груевски инсистира и министрите-пратеници да се појават во Собранието и да гласаат за амнестија на хашките случаи.

Според Заев, Јанулоска и Ставрески разговараат за Никола Груевски кој е на некоја плажа во Грција, а нив ги тера да гласаат за амнестијата.

Тој кажа дека дека Јанкулоска иако се појавила во Собранието, не гласала за амнестијата, додека Ставрески не се појавил сепак во собранието да гласа.

Разговор помеѓу Ленче Самарџиевска и Никола Груевски

ЛС: Ало.

НГ: Ало, Ленче.

ЛС: Е Претседателе.

НГ: Ааа, да се јавиш. Ги нема на седница овие од нашиве, многу од нашиве. Да се јавиш хитно да одат у 12.30 е продолжеток. Пошто нема кворум и ја одложил Трајко за 12.30.

ЛС: Пратениците? Ало?

НГ: Пратениците.

ЛС: Добро. Ало?

НГ: Прашај, прашај кај Трајко кои фалат и јави им се одма да одат.

ЛС: Добро, добро. Добро, важи.

НГ: Хитно. Оти нема кворум, хитно да одат.

ЛС: Важи, важи Претседателе.

НГ: Да баталат се друго, да одат таму. Ако ти речат министриве имаме нешто друго, Не, одите. Пошто има министри-пратеници.

ЛС: Добро, сега одма.

НГ: Ајде.

ЛС: важи, важи. Чао.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставревски

ЗС: Да.

ГЈ: Што правиш?

ЗС: Еве, еден состанок имав интерен.

ГЈ: А бе гледам Лена ми врти, непрекинато. Не знам тебе дали те бараше? И сега ми пратила порака…

ЗС: Сигурно, еве Тања ѕвони.

ГЈ: Да. „Претседателот рече итно да одиш во Собрание“. Значи… што да ти кажам.

ЗС: Да, да, он од некоја плажа.

ГЈ: Да. А јас знам зашто ме бара и 3-4 пати ми ѕвонеше на мобилен и не и дигам, и добивам порака „Претседателот рече итно да одиш во Собрание“, мислам…Гласањево у 12.30, сега е 12.20.

ЗС: Добро. Добро ајде. Не е толку темата битна, колку односот што е.

ГЈ: Не бе, мене ме нервира односот, иначе мислам, тоа е. Ќотекот е ќотек и да стиснеш и да не стиснеш копче, пак критиката е таа е, за сите е иста, знаеш.

ЗС: Мхм

ГЈ: Ама, односов е…чекај бе па јас сегде може да сум, така?

ЗС: Мхм.

ГЈ: Може човек на лекар да е, така? Сé се случува…у 20…10 минути пред овакво, ми вика итно да одиш у Собрание.

ЗС: Да де да, ама ќе видиш кој ќе биде таму. Пак…

ГЈ: Ја и ти.

ЗС: Фраерите нема да бидат таму.

ГЈ: Градските дечки.

ЗС: Да. Океј Горде, ајде.

ГЈ: Ќе видиш…

ЗС: Ај ќе дојдам и ја, да не си само ти.

ГЈ: …ќе отидам, да не биде…

ЗС: И онака сигурно и кај мене вртат, пошто

ГЈ: Да, да, да. Да не биде дека сега мене и тебе не барале под дрво и под камен, ќе отидам…

ЗС: Да не биде, пошто ќе испадне негде сме…у некоја афера, нешто праиме.

ГЈ: Да, да, да. Пошто двајцата…

ЗС: Чим не може да не најдат двајцата, тоа е тоа. Не треба поише да се мисли,

ГЈ: Посебно, што тие другите што исто нема да се таму, ќе треба да имаат оправдување.

ЗС: Да.

ГЈ: Ајде, ќе тргнам сега, ако не.

ЗС: Ајде, се гледаме, чао.

ГЈ: Ајде, се гледаме, чао.

ЗС: Чао.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставревски

ГЈ: Ало?

ЗС: Еве идам. Па ли…?

ГЈ: Еве сега ќе му кажам на Претседателот, еден фали.

ЗС: А? Пак ја ви правам кворум, а?

ГЈ: Да, да, да. Ајде.

ЗС: Аман те више. Не можам да…

ГЈ: Иде Зоки иде.